Повикот за глобалниот натпревар за стартапи Get In The Ring е отворен

In this article:

Интернационалниот натпревар за стартапи Get in the Ring во организација на НЦРИПУ (NCDIEL) објави повик за аплицирање за националното финале, кое ќе се одржи на 5.11.2015 година во хотел „Александар Палас“ во рамки на 10-тата Европска недела на мали и средни претпријатија. Краен рок за аплицирање е 30.10.2015 година. Право на учество имаат сите стартапи кои не се постари од 8 години и имаат иновативен и скалабилен бизнис модел/идеја погодна за презентација пред борд на инвеститори. Победниците (двата првопласирани тима) ќе ја претставуваат Македонија на регионалното финале во Софија, а за првите три места следат и награди од нашите партнери (прво место – €1000; второ место – €600 и трето место €200).

НЦРИПУ (Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење) кој беше домаќин на Get In The Ring минатата2014 година, објавува повик за стартапи за Get In The Ring 2015. Сите стартапи кои не се постари од 8 години со иновативна и скалабилна бизнис идеја / модел се подобни да ја искористат оваа уникатна можност за промоција и привлекување на интернационална публика, вмрежување, и се разбира, обезбедување на вредни инвестиции и награди. Услов е нивниот претставник одлично да го говори англискиот јазик. Од пријавените кандидати, стручното жири ќе ги избере најдобрите 8 кои ќе се пласираат за учество во финалето. Пред финалето, поточно на 2.11.2015 година во 14:00 часот ќе се одржи кратка информативна обука.

Награди

Прво место:

  • Награда од 1000 (стартапот е обврзан да учествува на регионалното финале)
  • Титула: Get In The Ring шампион за Македонија
  • Пласман на регионалното финале за Источна Европа кое ќе се случува во Софија
  • Интернационална промоција на бизнисот и продуктот
  • Можност за освојување до  €10.000.000 инвестиции во бизнисот на финалето и освојување на титулата Олимписки првак на Get In The Ring 2015

Второ место:

  • Награда од 600 (стартапот е обврзан да учествува на регионалното финале)
  • Пласман на регионалното финале за Источна Европа кое ќе се случува во Софија
  • Интернационална промоција на бизнисот и продуктот
  • Можност за освојување до  €1.000.000 инвестиции во бизнисот на финалето

Трето место:

  • Награда од 200
  • Национална промоција на бизнисот и продуктот

 Аплицирајте за овој интернационален натпревар

Дали сте заинтересирани да се придружите на натпреварот? Пријавете се на следниот линк и регистрирајте го вашиот стартап веднаш!

Повеќе информации ќе бидат објавени на Get In The Ring порталот.
Контакт за Македонија: канцеларија на НЦРИПУ, info@ncdiel.mk, тел: 02 3099 481.
Интернационален контакт: Elbert Stoof, директор на натпреварот и настаните (elbert@gitr.co)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp