In this article:

Почитувани директори и наставници од средните школи,

Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) во соработка со Бирото за развој на образованието, Центар за средно стручно образование. Министерството за образование и наука на РМ, Министерството за економија на РМ, Град Скопје и главниот покровител на настанот фондацијата Македонија 2025, и во 2016 година го организираат натпрeварот „Get In The Ring за средни училишта“. На натпреварот ќе бидат обезбедени награди за победниците, како и сертификати за тимовите и менторите кои ќе се пласираат во полуфиналето на натпреварот (16-те најдобри тимови кои ќе ги избере стручното жири).

Од секое училиште можат да се пријават максимум до 2 тима од ученици кои се во завршните години (III и IV година), додека секој тим може да се состои од максимум 4 ученици (+ментор/и).

Системот на натпреварување подразбира презентирање на бизнис концептот преку т.н. „двобој во ринг“, односно „битки“ составени од по 5 рунди (30-60 секунди по тим за одговор), на следните теми:

  1. „За тимот“
  • Да се презентира тимот, да се објаснат нивните вештини и искуства
  • Зошто вашиот тим е подобар од другите, и зошто баш вашиот тим би ја преточил бизнис идејата во успешна компанија
  1. „Достигнувања“
  • Што е постигнато до сега од страна на членовите на тимот
  • Може да опфати: индивидуални искуства на учениците, учество на други натпревари, учество во проектни задачи или други практични активности.
  • Ако учениците имаат освоено некои награди, ова е право време да се споменат
  1. „Бизнис модел и пазар“
  • Објаснете го вашиот бизнис, бизнис моделот кој го користите и пазарот на кој настапувате
  • Маркетинг стратегија
  • Конкуренција, на кој начин вие сте подобри од конкурентските компании
  1. „Финансии и предлог за инвестициите“
  • Финансиска ситуација во која се наоѓа стартап-от
  • Барањето за инвестиција
  • Освен финансиски средства, што друго ви е потребно?
  • Колкав дел од сопственоста на компанијата нудите за бараната инвестиција?
  • Како ќе бидат потрошени парите од инвеститорите?
  • Проекција каде ја замислувате вашата компанија после 3 или 5 години?
  1. „Слободен стил“
  • На натпреварувачите им е дозволено да зборуваат на било која тема и да покријат информации кои немаа можност претходно да ги споменат
  • Ова е последен напор да се убеди инвеститорот (жирито)
  • Може дури да вклучи и кратка демонстрација на производот (прототипот)
  • Целта е да се убеди жирито во суштината на постоењето и неопходноста од бизнисот

По завршувањето на рундите, жирито има 5 минути за поставување на прашања на секој од тимовите, по што го избира победникот на битката. Победниците од секоја од битките (вкупно 8 тимови) ќе се пласираат на финалниот натпревар.

Натпреварот ќе се одвива целосно на Англиски јазик.

Важни датуми:

19.09.2016 г – пријавување на по максимум два тима од училиште на емаил адреса info@ncdiel.mk [Име на училиште , листа на натпреварувачи (максимум 4) и ментор(и)]

10.10.2016 г – доставување на бизнис концептите во темплејт формулари на следниот линк http://goo.gl/forms/Ay17RGRKlx

13.10.2016 г – Објавување на 16-те најдобри тимови кои ќе учествуваат на полуфиналниот натпревар

15.10.2016 г – Полуфинален натпревар (почеток во 11:00 часот на Машински факултет)

19.10.2016 г – Финален натпревар (8 најдобри тимови) – Скопски саем (за време на ТЕХНОМА) – почеток 11:00 часот

За дополнителни информации, ве молам контактирајте не на нашата е-маил адреса info@ncdiel.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp