Аплицирајте за стартап натпреварите!

In this article:

Пријавете се!!!

На 19.10. 2016 година на Скопскиот саем, за време на ТЕХНОМА и МАКИНОВА, и како предвесник на економскиот Самит на Македонија2025, ќе се одржи финалето на два глобални натпревари за старт-ап компании. Настанот е  во организација на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Македонија 2025. Поддржувачи на настанот се: Министерство за образование и наука на Република Македонија, Министерството за економија на Република Македонија, Град Скопје, Центар за развој на нови бизниси на Машински факултет, УКИМ, Фонд за развој на иновации технолошки развој и др.

 

 

За натпреварот Get in the Ring 2016 (GITR2016-Macedonia)

Во изминатите години, Get in the Ring прерасна од локален настан за презентација на бизнис идеи, во глобален натпревар за стартапи, во чија организација учествуваат повеќе од 130 партнерски организации. Оваа година, петтиот по ред натпревар ќе привлече финалисти од преку 100 земји (повеќе информации: https://getinthering.co/). Во финалето за GITR2016-Macedonia имаат право на учество сите старт-апи што не се постари од 5 години, кои имаат иновативна идеја, сакаат да го развијат својот бизнис и бараат инвеститори, односно партнери за својот бизнис. Get in the Ring е познат по уникатниот формат на натпреварување, каде што два стартапи буквално се соочуваат во боксерски ринг.

Победникот добива можност да се презентира на светското финале (Њујорк или Сингапур – се уште не е одлучено каде!!!). Организаторите го покриваат патот за финалето. Очекувајте и дополнителни награди од спонзори…..

 

За натпреварот Startup Europe Awards 2016

Натпреварот Startup Europe Awards 2016, кој е организиран од страна на Finnova во соработка со Startup Europe, ги избира и наградува локалните претприемачи кои се движечка сила за претприемачката култура во Европа (http://startupeuropeawards.com/). Овој натпревар се стреми да придонесе кон градењето на интегриран европски екосистем кој ги обединува локалните претприемачки екосистеми во европски Стартап континент.

На ниво на Европска комисија натпреварот ќе се одржи во следните категории: Екологија,  Информациски и Комуникациски Технологии, Енергија, Туризам, Паметни градови, Креативни индустрии и Водата во одржливите системи.

Наградените старт-ап компании ќе добијат награден пакет кој се состои од:

  • Учество на Европското финале и влез на церемонијата каде ќе се доделуваат наградите во просториите на Европската комисија.
  • Менторска програма во Брисел (за Европски фондови, тренинзи, визибилити, лобирање, итн.) со цел да се доразвие старт-ап компанијата на победниците за да биде остварлива на Европско ниво
  • Видео со pitch (презентирање) за секој од наградените стартапи, снимено од страна на Финова (Finnova). Во однос на видливоста на претприемачите, SEUA ќе креира блог на кој ќе се споделуваат новости и настани поврзани со активностите на стартапите, како на пример: промотивни средби, инвестициски собири, најава на настани и сл.

 

Жири на натпреварот:
Michael Mizrahi, Director of Entrepreneurship and Innovation Development at Azrieli College, and Director of AtoBe Accelerator, Israel,

Zhivko Mukaetov (Alkaloid, Macedonia),

Robert Arsov (Guggenheim Securities, USA),

Chris Pavlovski (Rumble, Canada),

Mitre Kutanovski (Mitre Group, USA),

Martin Paech (ACN, Holland),

Viktor Meskov (SEAF, Macedonia),

Dejan Kalinikov (SEAF, Macedonia),

Aleksandar Stamboliev (Macedonia 2025 Leaders Club, Macedonia),

Petar Spaseski (HATCH, Australia),

Goran Zlatevski (Publikum Art, Macedonia),

Izaac Trpeski (ORO Luxury Water, Australia),

Dimitar Mitrov (AMC, Macedonia)

 

Пријавувањето за двата натпревари е до 14 октомври 2016 на следниот линк: www.getinthering.co/macedonia  (истата пријава важи и за двата натпревари)

 

Контакти: канцеларија на НЦРИПУ, info@ncdiel.mk, тел. 070 332 930. Канцеларија на Македонија 2025, office@macedonia2025.com, тел. 02 3218 631

collage-1      collage-2

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Share this post

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Recent articles

Featured articles