Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) објавува покана за поднесување на понуди со предмет на набавка „Услуга за печатење материјали за настаните во рамки на проектот СПИР“, референтен број EuropeAid/136315/ID/ACT/MK-12-8412/1-5. Проектот е финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за развој на човечки ресурси EuropeAid/136315/ID/ACT/MK.
Техничката документација е достапна на следниот линк . Понудите треба да се достават во канцеларијата на НЦРИПУ, на адреса Даме Груев 1/2-17, Скопје Центар, или на емаил адреса: ivana.stankovska@ncdiel.mk. Крајниот рок за поднесување на понудите е 4 мај 2017 година до 16:00 часот по локално време.