Тренинг за претприемништво, меки и компјутерски вештини, Битола

In this article:

EuropeAid/136315/ID/ACT/MK

Проектот е финансиран од страна на Европската унија.

Проект СПИР – Социјално претприемништво за инкузија на Ромите

Проектот е финансиран од Европска комисија во рамките на грантовата програма „Поттикнувње на социјална инклузија и вработување на локално ниво“ EuropeAid/136315/ID/ACT/MK како дел од оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV) и е со времетраење од 1 година со почеток  28.12.2016 и ќе се реализира до 27.12.2017. Проектот е имплементиран од страна на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, Македонија, како проектен координатор, и YouNet, Италија.

Главната цел на проектот е поттикнување на социјалната инклузија на младите Роми преку обуки за социјално младинско претпримништво. Проектот се стреми да ги оспособи Ромите и младите кои не се во работен однос, образование или обуки активно да учествуваат во социјалниот живот и да се креира околина за понатамошен младински развој на социјалното претприемништво во Македонија.

Специфични цели на проектот се:

  • Да се развијат содветно дизајнирани обуки за претприемачки вештини и развој на социјално претприемништво за Роми и млади кои не се во работен однос, образование или обука со цел проектирање и имплементација на бизнис идеи од областа на социјалното претприемништво;
  • Да се основаат канцеларии за социјално претприемништво во два града: Скопје и Штип, за поддршка на младите претприемачи, особено од ромска националност, во развој на бизнис идеи, активности за финансирање на бизнисот, споделување на најдобри практики, добри примери и неуспеси, како и соработка со чинителите од локалните и националната администрација надлежни за претприемништво, вработување, образование и малцинства;
  • Да се организира натпревар за социјално претприемништво каде учесниците ќе го аплицираат стекнатото знаење од обуките низ практична реализација на нивните бизнис идеи;
  • Канцелариите за социјално претприемништво да се оспособат за обезбедување на понатамошна поддршка на маргинализираните млади (Ромите и другите невработени) со цел да се подобри нивната вработливост;
  • Да се обезбеди поддршка во развојот на можности за самовработување за Ромите кои ќе помогнат во транзицијата од неформална или сива економија во формалната економија;
  • Да се започне со кампања за подигање на свеста за социјалното претприемништво и интеграцијата на Ромите преку социјалното претприемништво, која ќе промовира солидарност, толеранција и ќе поттикнува взаемно разбирање помеѓу културите;
  • Да се вмрежат клучните чинители на национално ниво за поддршка на Ромите и младите невработени преку канцелариите за социјално претприемништво за да се обезбеди долгорочна поддршка во развојот на социјалното претприемништво на оваа таргет група.

 

Во рамките на прокетните активности, првите тренинзи за 30 млади Роми кои не се во процес на образование, едукација или вработени, ќе бидат организирани во Битола на 27ми, 28ми и 29ти Јуни 2017 година. Целта на тренинзите ќе биде да ги подобрат „меките вештини“, претпреиамчкото знаење (со посебен фокус на социјално претприемништво) како и софтверските вештини (Word, Excel, Powerpoint) на целната група. Обуките ќе се одвиваат 3 последователни дена, во првиот ден фокусот ќе биде ставен на „меките вештини“, лидерство и тимска работа. Во вториот ден ќе се зборува за претприемништво, претприемачки компетенции и ќе се работи на бизнис моделот Канвас. Третиот и последен ден е посветен на софтверските програми Word, Excel и Powerpoint каде учесниците ќе се запознаат со основните алатки на овие софтвери.

 

1 ДЕН, 27.06.2017, ВТОРНИК

 09.00 – 09.15       РЕГИСТРИРАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

09.15 – 10.45       Предавање и вежби- Меки вештини (емоционална интелигенција, човекот како информациски систем)

10.45 – 11.30        Предавање и вежби- Лидерство и тимска работа

11.30 – 11.45        КАФЕ ПАУЗА

11.45 – 13.00        Предавање и вежби- Психологија на успехот

13.00 – 13.30        РУЧЕК

13.30 – 14.00        Презентирање на проектот

 

2 ДЕН- 28.06.2017, СРЕДА

 09.00 – 09.15       РЕГИСТРИРАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

09.15 – 10.00       Предавање и вежби- Менаџмент и проектен менаџмент (паметни “smart” цели)

10.00 – 11.00       Предавање и вежби- Претприемништво и социјално претприемништво

11.00 – 11.15        КАФЕ ПАУЗА

11.15 – 12.45        Предавање и вежби- Неконвенционално претриемничко “out of the box” размислување

12.45 – 13.15        РУЧЕК

13.15 – 14.00        Предавање и вежби – Претприемачки компетенции и бизнис модел

 

  

3 ДЕН- 29.06.2017, ЧЕТВРТОК

  09.00 – 09.15     РЕГИСТРИРАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

09.15–10.00  Предавање и вежби- Прирачник за Word- практична примена, отварање, уредување и зачувување на документи

10.00–11.00 Предавање и вежби- Прирачник за Excel, практична примена, креирање табели, основно функции и примена

11.00 – 11.15     КАФЕ ПАУЗА

11.15–12.30     Предавање и вежби- Прирачник за Power Point, изработка на презентација

12.30 – 12.50    РУЧЕК

12.50–13.35  Предавање и вежби- Комуникациски вештини

13.35-14.00 Евалвација и доделување на сертификати за учесниците

 

Веб страница на проектот: www.rise.org.mk

Контакт: rise@ncdiel.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Share this post

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Recent articles

Featured articles