Проектот “Пограничен интелигентен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (ИПГА)“, финансиран од Европската Унија, објавува повик за учество во обуки, како дел од акцелераторска програма, која има за цел стимулирање на претприемништвото во пограничниот регион меѓу Грција и Македонија.

Кој може да аплицира:

  • Индивидуалци кои сакаат да креираат свој бизнис
  • Тимови кои сакаат да креираат нова компанија
  • Стартап компанија во ран развој
  • Минимум еден од учесниците од тимот треба да биде со место на живеење во некоја од општините кои граничат со Република Грција

Што ќе научите:

  • Развој на успешна претприемачка идеја
  • Изработка на бизнис модел канвас
  • Методи за тестирање на ефективноста на бизнис моделот
  • Евалуација на технологијата, одржлива иновација и отворена иновација
  • Заштита на интелектуалната сопственост на новите стартап идеи
  • Развој на стратегија на бизнисот
  • Идентификување на пазарниот потенцијал
  • Пристап до финансии, подготвеност за инвестиции
  • Маректинг на нова технологија

Најдобрите тимови ќе имаат можност за:

1. МЕНТОРИ кои се исклучителни и докажани професионалци од бизнисот
2. Платено учество на дводневен BOOTCAMP во Охрид
3. Платено учество на БРОКЕРСКИ настан во Солун

Предавањата ќе се одржат во текот на месец април, а дополнителните настани во текот на следните месеци (мај, јуни, јули). Предавањата ќе ги одржат професори и истакнати менаџери од Македонија и Грција. Процесот ќе се одвива интензивно, брзо и со извонредно образование, насочено кон забрзување на капацитетите на учесниците и за само неколку недели ќе ги подготви да бидат спремни да ги презентираат своите бизнис идеи пред истакнати инвеститори.

Ако сте заинтересирани да аплицирате, Ве молиме пополнете ја формата ТУКА.
За повеќе детали може да се обратите на следниот контакт maja@theprimepoint.com

Повикот ќе биде отворен до 31ви март.
Ве очекуваме со нетрпение!

Проектот го спроведуваат: Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Фондација за Претприемачки сервис за млади и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ).