Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и главниот организатор на настанот, Македонија 2025 ќе го реализираат натпреварот „Најдобар бизнис концепт – 2022“ за гимназиите и средните стручни училишта на територија на Република Северна Македонија. Натпреварот целосно ќе се одвива на англиски јазик.
За таа цел, ве покануваме да се пријавите за учество со пополнување на апликацијата на следниот линк. Правилата за учество се дадени во апликацијата. Се поддржуваат сите видови на бизнис идеи, а особено идеите кои базираат на зелени иновации, дигитализација, социјални иновации итн.
Рокот за испраќање апликации е најдоцна до 10.05.2022 (вторник) до 24:00 часот. Листата на 8-те финалисти ќе биде објавена на 13.05.2022 (петок).
Финалниот натпревар ќе се одржи како дел од самитот Македонија 2025 во периодот 17-20.05.2022 во Хотел Мериот. Ќе има многу награди за учениците, кои за сега се изненадување!
За дополнителни информации, ве молиме контактирајте не на нашата е-маил адреса (info@ncdiel.mk).