Оглас за вработување за европскиот проект RISE

In this article:

Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) е во потрага по 6 вработени за целите на европскиот IPA проект  RISE! (Roma Inclusion through Social Entrepreneurship). Проектот е финансиран од Европска комисија и е со времетраење од 1 година со почеток  28.12.2016 и ќе се реализира до 27.12.2017. Главни цели на проектот се:

o   Развој на тренинг модул за социјално младинско претприемништво наменето за ромското малцинство

o   Основање на хаб за социјално претприемништво

o   Кампања за подигање на свеста, спроведување на 6 обуки за социјално претприемништво на 180 млади и натревар за најдобра бизнис идеја

o   Тренинзи и работилници за младите кои ќе бидат вклучени во претприемачкиот хаб

Вработените ќе бидат ангажирани на определено време, во времетраење од 1 година со целосно работно време (40 саати / неделно).

Работното време е со почеток во 08:00 часот и трае до 16:00 часот.

Потребни се вработени за следните позици:

1 Проектен асистент

Активностите на проектниот асистент се состојат од:

  1. Поддршка при координација на проектните активности;
  2. Активно учество во активностите за стратешко планирање;
  3. Односи со јавност;
  4. Регрутација и селекција на обучувачи кои ќе поминат обука за обучувачи;
  5. Активности за дисеминација и „видливост“ на донаторот, вклучувајќи одговорност за развој на материјали за видливост и онлајн комуникациски канали;
  6. Координација на логистички аспекти за организација на настаните;
  7. Поддршка на одговорниот за сметководство и финансии во архивирање на релевантната документација;
  8. Други активности во насока на успешна реализација на проектот и остварување одржливост на Центрите за социјално претприемништво во Скопје и Штип.

Главна локација на активностите на проектниот асистент е во територијата на Општина Штип.

Од кандидатот се очекува:

  • Да поседува универзитетска диплома
  • Најмалку 3 години работно искуство
  • Искуство со работење на проекти
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на компјутерски софтвер (Microsoft Office, користење на интернет и сл.)
  • Комуникациски вештини
  • Способност за работење во тим

1 Oдговорен за сметководство и финансии

Активностите на одговорниот за сметководство и финансии се состојат од:

  1. Подготовка на прецизни и навремени финансиски извештаи;
  2. Активно учество во активностите за стратешко планирање;
  3. Координација на логистички аспекти за организација на настаните;
  4. Други активности во насока на успешна реализација на проектот и остварување одржливост на Центрите за социјално претприемништво во Скопје и Штип.

Од кандидатот се очекува:

  • Да поседува универзитетска диплома
  • Најмалку 3 години работно искуство
  • Искуство со работење на проекти (работење на финансии ќе се смета за предност)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на компјутерски софтвер (Microsoft Office, користење на интернет и сл.)
  • Комуникациски вештини
  • Способност за работење во тим

2 Асистенти во Центар за социјално претприемништво – Скопје

Активностите на асистентот се состојат од:

  1. Поддршка при координација на проектните активности;
  2. Активно учество во активностите за стратешко планирање;
  3. Поддршка на потенцијални и нови претприемачи;
  4. Поттикнување на припадници на целната група да ги користат услугите на Центарот
  5. Логистичка поддршка за организација на настаните;
  6. Други активности во насока на успешна реализација на проектот и остварување одржливост на Центрите за социјално претприемништво во Скопје и Штип.

Главна локација на активностите на асистентот е на територијата на Град Скопје.

2 Асистенти во Центар за социјално претприемништво – Штип

Активностите на асистентот се состојат од:

  1. Поддршка при координација на проектните активности;
  2. Активно учество во активностите за стратешко планирање;
  3. Поддршка на потенцијални и нови претприемачи;
  4. Поттикнување на припадници на целната група да ги користат услугите на Центарот
  5. Логистичка поддршка за организација на настаните;
  6. Други активности во насока на успешна реализација на проектот и остварување одржливост на Центрите за социјално претприемништво во Скопје и Штип.

Главна локација на активностите на асистентот е на територијата на Град Штип.

Од кандидатите се очекува:

  • Да поседува универзитетска диплома
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на компјутерски софтвер (Microsoft Office, користење на интернет и сл.)
  • Комуникациски вештини
  • Способност за работење во тим
  • Добри презентациски вештини

Рокот на аплицирање трае 5 работи дена од објавување на огласот (заклучно со петок, 16.12.2016 до 23:59 часот)

Сите апликанти треба да испратат своето CV. Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју, а кандидатите кои ќе бидат селектирани за Асистенти во Центрите за социјално претприемништво ќе бидат повикани на обука за социјално претприемништво и развивање на бизнис план за социјално претприемништво. Обуката ќе се одржи на 20.12.2016 (вторник) на Машински факултет, Нова зграда (зграда на хомологација) III-ти спрат, просторија к3-9. 

После обуката, кадиндатите треба да изработат бизнис план за социјално претприемништво кој дополнително ќе биде оценет и ќе влијае добивање на работната позиција. Рокот за испраќање на бизнис плановите ќе биде 3 дена после закажаната обука (23.12.2016, петок до 23:59 часот).

Избраните кандидати за работните позиции ќе бидат известени во понеделник 26.12.2016.

Кандидатите ќе бидат избрани преку транспарентен процес, со пропорционалност и еднаква можност и без никакви форми на дискриминација.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Share this post

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Recent articles

Featured articles