Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) распишува оглас за хонорарна работна позиција во времетраење од 15.11.2017 до 27.12.2017.
Главната цел на проектот е поттикнување на социјалната инклузија на младите Роми преку обуки за социјално младинско претпримништво. Проектот се стреми да ги оспособи Ромите и младите кои не се во работен однос, образование или обуки активно да учествуваат во социјалниот живот и да се креира околина за понатамошен младински развој на социјалното претприемништво во Македонија.
Работната позиција е Асистент во Центарот за социјално претприемништво со цело работно време, а активностите се состојат од:
- Координација на проектните активности;
- Активно учество во стратегиското планирање на активностите;
- Поддршка на потенцијални и идни претприемачи;
- Поттикнување на целната категорија да ги користат услугите на центарот;
- Логистичка поддршка при организација на настани;
- Други активности поврзани со успешна имплементација на проектот и постигнување одржливост на Центрите за социјално претприемништво.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома;
- Искуство со работење на проекти;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на компјутерски софтвер (Microsoft Office, користење на интернет и сл.);
- Комуникациски вештини;
- Способност за работење во тим.
Повикот е отворен пет работни дена, заклучно со понеделник, 13.11.2017 до 16:00 часот. Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите кратки биографии на следната емаил адреса: info@ncdiel.mk. Селекцијата ќе се одвива преку недискриминирачки транспарентен процес на интервјуа. Само апликантите кој ќе бидат повикани на интервју ќе бидат исконтактирани.