In this article:

Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) е основан во ноември 2009 година со финансиска поддршка од Австриската Развојна Соработка – Austrian Development Cooperation (ADC). Центарот се развива под препораките на проектот „Соработка на агенциите за финансирање и поддршка на иновации во Југоисточна Европа“ (South-East Europe Co-operation of Innovation and Finance Agencies). Оваа мрежа се стреми кон зајакнување на капацитетите за ефективно овозможување на иновациска, технолошка и финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија.

НЦРИПУ е дизајниран како центар отворен за иновативни, технолошки-базирани и профитно-ориентирани идеи.

Визија:

Центарот да стане национален лидер во процесите за создавање конкурентна економија базирана на иновативно знаење и претприемачко размислување.

Мисија:

Промоција, поддршка и развој на иновациите и претприемачкото учење, со цел намалување на невработеноста преку формирање нови иновативни бизниси и зајакнување на секторот на мали и средни претпријатија во Република Македонија.

 

Цели на НЦРИПУ:

  • Зајакнување на инфраструктурата за поддршка на иновации
  • Зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија
  • Формирање нови бизниси базирани на знаење
  • Зголемување на бројот на малите и средни претпријатија и нивното учеството во БДП
  • Воведување претприемачко учење на сите нивоа на образование
  • Промовирање на концептот на доживотно претприемачко учење
  • Зајакнување на соработката помеѓу универзитетите и стопанството
  • Промоција на јавно – приватно партнерство
  • Поддршка на кластерите во Република Македонија

 

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp