Како дел од Еразмус + проектот „CRAYON’s“ беше организирана работилница за претприемачко учење со употреба на Лего коцки – LEGO DESIGN AND METHODOLOGY WORKSHOP
Работилницата се одржа на ден 25.11 (петок) во New Mans Business Accelerator во времетраење од 4 часа. За време на работилницата беа презентирани целите на проектот, примената на Лего коцките во предавање претприемништво, а партиципантите беа измешани во тимови и им беа поделени задачи:
- Да се претстават себеси преку изработка на лего фигура која ги опишува нив
- Да изработат сопствена бизнис идеја со Лего коцки
- Да ги спојат сопствените идеи во една заедничка
- Изработка на КАНВАС модел за заедничката бизнис идеја








