Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) е во потрага по 6 вработени за целите на европскиот IPA проект RISE! (Roma Inclusion through Social Entrepreneurship). Проектот е финансиран од Европска комисија и е со времетраење од 1 година со почеток 28.12.2016 и ќе се реализира до 27.12.2017. Главни цели на проектот се:
o Развој на тренинг модул за социјално младинско претприемништво наменето за ромското малцинство
o Основање на хаб за социјално претприемништво
o Кампања за подигање на свеста, спроведување на 6 обуки за социјално претприемништво на 180 млади и натревар за најдобра бизнис идеја
o Тренинзи и работилници за младите кои ќе бидат вклучени во претприемачкиот хаб
Вработените ќе бидат ангажирани на определено време, во времетраење од 1 година со целосно работно време (40 саати / неделно).
Работното време е со почеток во 08:00 часот и трае до 16:00 часот.
Потребни се вработени за следните позици:
1 Проектен асистент
Активностите на проектниот асистент се состојат од:
- Поддршка при координација на проектните активности;
- Активно учество во активностите за стратешко планирање;
- Односи со јавност;
- Регрутација и селекција на обучувачи кои ќе поминат обука за обучувачи;
- Активности за дисеминација и „видливост“ на донаторот, вклучувајќи одговорност за развој на материјали за видливост и онлајн комуникациски канали;
- Координација на логистички аспекти за организација на настаните;
- Поддршка на одговорниот за сметководство и финансии во архивирање на релевантната документација;
- Други активности во насока на успешна реализација на проектот и остварување одржливост на Центрите за социјално претприемништво во Скопје и Штип.
Главна локација на активностите на проектниот асистент е во територијата на Општина Штип.
Од кандидатот се очекува:
- Да поседува универзитетска диплома
- Најмалку 3 години работно искуство
- Искуство со работење на проекти
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на компјутерски софтвер (Microsoft Office, користење на интернет и сл.)
- Комуникациски вештини
- Способност за работење во тим
1 Oдговорен за сметководство и финансии
Активностите на одговорниот за сметководство и финансии се состојат од:
- Подготовка на прецизни и навремени финансиски извештаи;
- Активно учество во активностите за стратешко планирање;
- Координација на логистички аспекти за организација на настаните;
- Други активности во насока на успешна реализација на проектот и остварување одржливост на Центрите за социјално претприемништво во Скопје и Штип.
Од кандидатот се очекува:
- Да поседува универзитетска диплома
- Најмалку 3 години работно искуство
- Искуство со работење на проекти (работење на финансии ќе се смета за предност)
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на компјутерски софтвер (Microsoft Office, користење на интернет и сл.)
- Комуникациски вештини
- Способност за работење во тим
2 Асистенти во Центар за социјално претприемништво – Скопје
Активностите на асистентот се состојат од:
- Поддршка при координација на проектните активности;
- Активно учество во активностите за стратешко планирање;
- Поддршка на потенцијални и нови претприемачи;
- Поттикнување на припадници на целната група да ги користат услугите на Центарот
- Логистичка поддршка за организација на настаните;
- Други активности во насока на успешна реализација на проектот и остварување одржливост на Центрите за социјално претприемништво во Скопје и Штип.
Главна локација на активностите на асистентот е на територијата на Град Скопје.
2 Асистенти во Центар за социјално претприемништво – Штип
Активностите на асистентот се состојат од:
- Поддршка при координација на проектните активности;
- Активно учество во активностите за стратешко планирање;
- Поддршка на потенцијални и нови претприемачи;
- Поттикнување на припадници на целната група да ги користат услугите на Центарот
- Логистичка поддршка за организација на настаните;
- Други активности во насока на успешна реализација на проектот и остварување одржливост на Центрите за социјално претприемништво во Скопје и Штип.
Главна локација на активностите на асистентот е на територијата на Град Штип.
Од кандидатите се очекува:
- Да поседува универзитетска диплома
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на компјутерски софтвер (Microsoft Office, користење на интернет и сл.)
- Комуникациски вештини
- Способност за работење во тим
- Добри презентациски вештини
Рокот на аплицирање трае 5 работи дена од објавување на огласот (заклучно со петок, 16.12.2016 до 23:59 часот)
Сите апликанти треба да испратат своето CV. Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју, а кандидатите кои ќе бидат селектирани за Асистенти во Центрите за социјално претприемништво ќе бидат повикани на обука за социјално претприемништво и развивање на бизнис план за социјално претприемништво. Обуката ќе се одржи на 20.12.2016 (вторник) на Машински факултет, Нова зграда (зграда на хомологација) III-ти спрат, просторија к3-9.
После обуката, кадиндатите треба да изработат бизнис план за социјално претприемништво кој дополнително ќе биде оценет и ќе влијае добивање на работната позиција. Рокот за испраќање на бизнис плановите ќе биде 3 дена после закажаната обука (23.12.2016, петок до 23:59 часот).
Избраните кандидати за работните позиции ќе бидат известени во понеделник 26.12.2016.
Кандидатите ќе бидат избрани преку транспарентен процес, со пропорционалност и еднаква можност и без никакви форми на дискриминација.