Започнува со реализација проектот RISE

In this article:

Проектот RISE (Roma Inclusion through Social Entrepreneurship) започнува со реализирање.

Проектот е финансиран од Европска комисија и е со времетраење од 1 година со почеток  28.12.2016 и ќе се реализира до 27.12.2017.

Главната цел на проектот е поттикнување на социјалната инклузија на младите роми преку обуки за социјално младинско претпримништво. Проектот се стреми да ги оспособи ромите активно да учествуваат во социјалниот живот и да се креира околина за понатамошен младински развој на социјалното претприемништво во Македонија.

Специфични цели на проектот се:

o   Развој на тренинг модул за социјално младинско претприемништво наменето за ромското малцинство. На крај на проектот ќе бидат обучени над 180 млади роми.

o   Основање на хаб за социјално претприемништво

o   Кампања за подигање на свеста, спроведување на 6 обуки за социјално претприемништво на 180 млади и натревар за најдобра бизнис идеја

o   Тренинзи и работилници за младите кои ќе бидат вклучени во претприемачкиот хаб

 

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp