Работилница за градење капацитети на граѓански организации: развој на вештини за вмрежување и развој на организациски вештини

In this article:

 

 

 

Настанот кој е дел од проектот ,, Развој на компетенции за социјално претприемништво низ игра во Општина Штип” се одржа на 19 мај 2017 година, во просториите на Ресторан Лонгуров, Штип, Македонија. Вкупно 23 учесници беа присутни.

Настанот започна во 10:00 часот со прием и регистрација на учесниците.

  • Презентација на главниот партнер „Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење Скопје“
  • Презентација на проектниот партнер „Здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип“
  • Презентација на проектните цели и проектните активности
  • Претставник од Унивезитетот Гоце Делчев- Штип
  • Кратко обраќање на присутните граѓански организации

Најпрво, настанот беше отворен од страна на проектниот менаџар од НЦРИПУ (национален центар за развој на иновации и претприемачко учење) Момир Поленаковќ, потоа следеше обраќање од проектниот меанаџер на проектот Борис Џартов. На крај се обрати претставник на „Здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип“ Ерол Адемов.

Момир Поленаковиќ ги запозна присутните со работата на НЦРИПУ и со обврските кои ќе ги има организацијата како главен партнер на проектот. Борис Џартов ги запозна со целите и активностите кои ќе се реализираат за времетраење на проектот како и со очекуваните резултати. Ерол Адемов објасни на присутните за организацијата „Здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип“ и уделот на организацијата во реализација на проектот.

Трајче Велковски одржи воведно предавање за социјално претприемништво, давајќи теоретска подлога, социјалното претприемништво во Македонија и споделување успешни примери. По кратката кафе пауза. Трајче Велковски ја претстави важноста која ја има вмрежувањето особено во денешно време. Објаснувањето беше проследено со практична вежба каде беа применети вештините за вмрежување.

Бојан Јовановски потоа зборуваше за развој на организациски вештини и нивната примена при апликација на проекти. По паузата за ручек Бојан Јовановски претстави клучни вештини за развој и успешно водење на проекти. Со цел да се добие подобра претстава за потребните вештини одржани беа практични вежби за водење проекти.

Завршување на последната вежба беше проследена со дискусија за се што беше сработено и дискутирано. Исто така беше спроведен формулар за евалуцаија на способноста на предавачите да ги пренесат дефинираните теми на присутните.

Време: Активност:
10:00-10:15 Регистрација на учесници

 

10:15-10:30 Отворање на настанот и воведно обраќање:

–        Презентација на проектниот партнер „Здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип“

–        Презентација на проектните цели и проектните активности

 

10:30-11:30 Воведно предавање за социјално претприемништво

 

11:30-12:00 Кафе пауза
12:00-13:00 Развој на вештините за вмрежување на граѓанските организации

 

13:00-14:00 Практична вежба со примена на вештините за вмрежување

 

14:00-15:00 Развој на организациски вештини за апликација на проекти

 

15:00-15:45 Пауза за ручек
15:45-16:45 Развој на вештини за успешно водење на проекти

 

16:45-17:45 Практична вежба за водење на проекти

 

17:45-18:00 Заклучоци и дискусија (евалуација на предавачите)

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp