Оглас за работен ангажман на определено време на европскиот проект RISE

In this article:

Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) распишува оглас за хонорарна работна позиција во времетраење од 15.11.2017 до 27.12.2017.

Главната цел на проектот е поттикнување на социјалната инклузија на младите Роми преку обуки за социјално младинско претпримништво. Проектот се стреми да ги оспособи Ромите и младите кои не се во работен однос, образование или обуки активно да учествуваат во социјалниот живот и да се креира околина за понатамошен младински развој на социјалното претприемништво во Македонија.

Работната позиција е Асистент во Центарот за социјално претприемништво со цело работно време, а активностите се состојат од:

  • Координација на проектните активности;
  • Активно учество во стратегиското планирање на активностите;
  • Поддршка на потенцијални и идни претприемачи;
  • Поттикнување на целната категорија да ги користат услугите на центарот;
  • Логистичка поддршка при организација на настани;
  • Други активности поврзани со успешна имплементација на проектот и постигнување одржливост на Центрите за социјално претприемништво.

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома;
  • Искуство со работење на проекти;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на компјутерски софтвер (Microsoft Office, користење на интернет и сл.);
  • Комуникациски вештини;
  • Способност за работење во тим.

Повикот е отворен пет работни дена, заклучно со понеделник, 13.11.2017 до 16:00 часот. Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите кратки биографии на следната емаил адреса: info@ncdiel.mk. Селекцијата ќе се одвива преку недискриминирачки транспарентен процес на интервјуа. Само апликантите кој ќе бидат повикани на интервју ќе бидат исконтактирани.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp