На 31 Октомври 2017 година во Музејот на народна борба во Скопје се одржа финалето на Натпреварите Get in the Ring (GITR 2017) – Skopje и European Startup Awards (SEUA 2017). Станува збор за натпревари за претставување на бизнис идеи/концепти во две категории, средношколци и возрасни (односно реални стартап компании). Секоја година интересот за учество на натпреварот е се поголем, па така, оваа година имавме рекорден број од 42 пријавени средношколски тимови и 10 стартап компании. 16-те најдобри средношколски тимови во полуфиналните битки се бореа на Машиснкиот факултет при УКИМ во Скопје на 27.10.2017 година, за учество во финалето каде се пласиртаа најдобрите 8 тимови. Одговорни организации за реализацијата на овој настан се Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење и Macedonia 2025, а како поддржувачи учествуваа градот Скопје, Холандската бизнис комора на Македонија, Центар за развој на нови бизниси и Машински факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Стручно жири кое го сочинуваа 12 членови од различни држави беше одговорно за оценување на бизнис идеите на англиски јазик.
Победникот во категоријата на средношколски тимови на GITR 2017, со освоена награда од 1000 долари е тимот In Charge од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово, додека второ место go освои тимот Pharm Youth од СМУГС “Д-р Панче Караѓозов” – Скопје кој доби награда од 500 долари. Спонзор на наградите беше компанијата Румбле на Крис Павловски од Канада.
Во вториот дел од програмата се натпреваруваат стартап компании. Во финалето се сретнаа Sole Communication Network doo (претставувана од Саша Крстевски) и Mama Organa (претставуван од Наталија Бургиева) , од кои како победници беа прогласени Mama Organa. Победникот во категоријата на стартап компании добива влез во финалето на светскиот натпревар Get in the Ring 2017.
Претходно – девет од стартапите беа прогласени за Македонски победници на Европскиот натпревар (European Startup Awards 2017) во своите категории.
Листа на Македонски претставници (победници) по поединечни категории на Натпреварот Startup European Award 2017
Компанија | Одговорно лице | SEUA2017 Категории |
ALHO | Стефан Маневски | · E-health |
Cultus | Александра Арсиќ | · Edtech |
Macedonia honey | Елена Фидановска | · Climate |
Mama Organa | Наталија Бургиева | · Agritech |
Omega Research Skopje | Ирина Велевска | · Green |
PNA Technology | Александар Поповиќ | · Creative |
Sole Communication Network | Сашко Крстевски | · Internet of Things |
Take Away | Илија Ќироски | · Gastronomy |
Vision Dynamix | Андреј Георгивски | · Smart cities |