Учество на САЕМ НА ПРОЕКТИ за презентирање на резултатите од ИПА Програмата

In this article:

Настанот беше спроведен од страна на Министерството за финансии, Министерството за турд и социјална политика и Министерството за образование и наука, со цел презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната програма за развој на човечки ресурси. Се одвиваше во просториите на Економскиот факултет – Скопје, на 04.10.2017 година со почеток во 12 часот напладне. Модераторот Ана Зафирова го отвори настанот и го претстави обраќањето на шефот на Делегацијата на Европска Унија, Самуел Жбогар, а веднаш потоа свое обраќање имаше и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски. Тие имаа можност да извршат обиколка на саемот на проекти и да ги проследат соодветните резултати. Околу 13 часот според агендата беа спроеведени и три дебати паралелно во различни простории, на темите:

  1. Справување со невработеноста на младите,
  2. Практични вежби во стручно образование и образование за возрасни за поголема вработливост и
  3. Социјални услуги и социјална интергација на локално ниво.

Нашиот тим учествуваше на третата дебата каде беа донесени соодветни заклучоци во врска со поттикнувањето и одржувањето на социјалното претприемништво во Република Македонија.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp