In this article:

Нашата визија е свет во кој секој ученик има претприемачки вештини за да биде дел од работна сила која одговaра на промените и е способна да дизајнира и имплементира нови решенија за сложени проблеми. EntreCompEdu е проект кој сака да ги поттикне наставниците да ги преиспитаат вештините што ги имаат и како тие можат да се користат, со тоа што ќе ги согледаат сопствените силни страни и ќе ги искористат за подобрување на квалитетот (и инклузивноста) на училишното образование за да се поттикнат претприемачките вештини кај учениците.

Претприемачките вештини кои сакаме да ги поттикнеме кај наставниците се оние идентификувани во Европската претприемачка рамката за компетентност (EntreComp):

Ние ги поддржуваме наставниците …

… преку градење на мост од училницата преку креирање на политики и градење врски помеѓу професионализацијата на професорите, наставниците и лидерите и како тоа може да биде поддржано преку развивање на капацитетите на наставниците за да го обезбедат образованието за претприемништво преку нивното учење.

Ќе се развиеме и тестираме:

• Рамка за професионални претприемачки вештини преку широки консултации со учениците, наставниците, лидерите, заедницата и бизнисот за да се развие рамка заснована на компетенции, во која се наведуваат вештините што наставниците можат да ги користат за да го олеснат претприемачкото учење во училницата.

• Имплементациска мапа за наставниците која ќе содржи практични примери за тоа како самите тие ги користеле овие вештини во нивното учење

• Покрај тоа, ќе развиеме и тестираме модел за почетен и континуиран професионален развој. Ќе користиме иновативна алатка за социјално учење за да ги поврземе и поддржуваме обучувачите и постојните наставници за да ги подобрат своите вештини. Ние ќе работиме со наставниците како акциони истражувачи и за прв пат ќе го примениме процесот на пракса на професионална заедница на наставници.

Ги поддржуваме лидерите во училиштата …

… со давање на алатки за лесно спроведување на пристапи за претприемничко учење во нивните училници, поврзување со заедница со истомисленици за размислување, со вештини и алатки за активно постигнување на образовни иновации во корист на наставата и учењето, и да видиме дека училиштата се вградени како централен дел во пошироката заедница.

Ги поддржуваме креаторите на политиката …

… со решавање на тековните предизвици на отпуштање на учениците и рано напуштање на училиштето. Ние сакаме креаторите на политиката да имаат опсежна рамка за професионални вештини за едукаторите, да ги подготват алатките за оценување и методологии на едукаторите и континуиран професионален развој на наставниците. Сето ова ќе влијае на пошироките области на политиката – вработување, социјално вклучување, економски раст – да ја покажат важноста на инвестициите во образованието.

Дознајте повеќе на: http://entrecompedu.eu

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Share this post

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Recent articles

Featured articles