Завршната конференција по повод финализирањето на проектот „Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни индустриски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор“.

In this article:

Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ, заедно со Националниот центар за иновации и претприемачко учење имаат чест да ве поканат на завршната конференција по повод финализирањето на проектот „Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни индустриски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор“.

Активностите беа реализирани во рамките на проектот: „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“ финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

Конференцијата ќе се одржи на 27.09.2018 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во просториите на МАНУ (мали сали 1 кат). Во прилог ви ја доставуваме агендата за настанот. Ве молиме вашето присуство да го потврдите на овој линк.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp