Потпишување на меморандум за соработка и работилница за иновациски екосистем во Охрид

In this article:

На 17.05.2019 на Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, се потпиша меморандум за соработка помеѓу универзитетот „Св. Климент Охридски” во Охрид и универзитетот „Fan S. Noli” во Корча како симбол на официјално започнување на соработката помеѓу универзитетите поврзани со новотрворените иновациски центри. Меморандумот за соработка беше потпишан во присуство на проектните партнери од Република Македонија и Република Албанија и претставници од засегнати страни, од страна на ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски” – проф. д-р Сашо Коруновски и ректорот на универзитетот „Fan S. Noli” во Корча- проф. д-р Али Јашари.

По потпишувањето на меморнадумот се оддржа работилница за иновациски екосистем. Работилницата за иновациски екосистем имааше за цел да го промовира избраниот бизнис модели на давање услуги во иновацискиот центар, како и можностите кои ги нуди истиот.

На работилницата за иновациски екосистем беше дадена можност за споделување искуства помеѓу присутните, давање препораки за подобро функционирање на иновацискиот центар како и да се продлабочи соработката помеѓу прекуграничните области. На овој настан земаа учество претставници од Универзитетите, Јавните образовни установи (Хидробилошкиот институт во Охрид), Невладиниот сектор (Е.Д. Грашница), Бизнис секторот (ПАП- компани, Железник А.Д. Демир Хисар) и претставници од медиумите.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp