Состанок на засегнати страни во Охрид- Проект: CBC INNOV8

In this article:

На 25.01.2019 на Факултетот за угостителство и туризам во Охрид се одржа состанок на чинители со цел спроведување на препораките од анализите на иновацискиот потенцијал во областа и зајакнување на комуникацијата помеѓу засегнатите страни. На состанокот беа презенитрани досегашните резултати од проектот како и идните активности од кои се издвои отварањето на Иновациски ХАБ. Детално беа промовирани можностите кои истиот ќе ги нуди за сите засегнати страни поточно:

  • Поддршка за унапредување на наставните програми за Универзитетот, како и промоција преку иновативен центар
  • Можност за привлекување на иновативни МСП и Стартапи за подобрување на сопствениот бизнис и
  • Можност за подобрување на локалната економска слика преку зајакнување на соработката со прекураничната област

На состанокот учествуваа претставници од    Факултетот за угостителство и туризам, Општина Охрид, бизис заедницата и проектните партнери. Беше најавено официјалното отворање на Иновацискиот ХАБ проследено со потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча.

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp