In this article:

Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ)
објавува оглас за Експерт во областа на образованието, за работа на проекти.
НЦРИПУ Скопје, има потреба од нов член во тимот кој ќе се придружи на
организацијата со цел аплицирање и реализација на проекти во областа на
образованието (поддршка на образовните политики и на реформите во основното,
средното и високото образование, како и образованието на возрасни, итн.).

Работни задачи и одговорност на работното место:

  • Следење на најновите светски трендови и искуства во сите сегменти од
    образованието;
  • Подготовка на проектни апликации во областа на образованието и нивна
    реализација;
  • Стручна експертиза (анализи, подготовка на извештаи и стручни осврти) за теми
    поврзани со образованието;
  • Подготовка и реализација на обуки и тренинзи;
  • Координација со другите членови на НЦРИПУ во делот на подготовка на
    проектни апликации и нивна реализација во другите домени од работењето на
    организацијата.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование на некој од наставничките факултети VII/1 или
    VIA според МРК, со стекнати 240 ЕКТС. Завршен втор циклус студии
    (магистер) и/или трет циклус студии (доктор) ќе се смета за сериозна предност;
  • Работно искуство во образованието како наставник / обучувач / тренер
    (минимум 10 години искуство);
  • Работно искуство во јавната администрација во институции поврзани со
    креирање, имплементација и/или следење на образовни политики ќе се смета за
    сериозна предност;
  • Минимум 5 години искуство во реализација на проекти од образовната сфера
    (потребно е да се наведе листата од реализирани проекти во кои учествувал
    кандидатот);
  • Познавање на англиски јазик – говорен и пишан;
  • Познавање и работа со MS Office (Word, Excel, Power Point), интернет алатки
    Google Drive, сл.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • Вештини поврзани со проектниот менаџмент;
  • Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;
  • Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;
  • Вештини со управување со бази на податоци и чување на документи;
  • Професионален и позитивен однос;
  • Способност за работа во динамична работна средина и во кратки рокови.

Што нудиме:

  • Динамична средина каде проактивноста е секојдневие;
  • Професионален развој, учество на обуки, семинари и конференции;
  • Соработка, интеракција и вмрежување со домашни и меѓународни експерти и
    институции во соодветната област;
  • Голем број на предизвици и можности за професионално усовршување и
    надградување.

Дополнителни информации поврзани со работниот ангажман:

  • Работното време на оваа позиција е 8 часа дневно, односно 40 часови неделно;
  • Флексибилно работно време, со можност за работа од дома (online);
  • Паричен нето износ на плата: 39.000,00 денари.

Испратете го Вашето CV и мотивациско писмо на info@ncdiel.mk со наслов
Апликација за позиција Експерт во областа на образованието.

Краен рок за аплицирање: 20.01.2022 година, до 16:00 часот. Само селектираните
кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Share this post

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Recent articles

Featured articles