На 27 септември 2022 со почеток во 10 часот во Хотелот Мериот е закажана конференцијата „Човечкиот капитал за инклузивен раст во Северна Македонија“, во чии рамки ќе биде промовиран Извештајот за Република Северна Македонија како дел од сеопфатниот извештај – SME Policy Index: Western Balkans and Turkey 2022.
На Конференцијата ќе учествуваат претставници на креаторите на политиките, приватниот сектор и бројни експерти и ќе се дискутира како може Северна Македонија да го надгради својот човечки капитал – вештините, искуството и талентите на граѓаните да бидат во функција на малите и средни претпријатија за да се остври одржлив и инклузивен раст на економијата. На настанот ќе се зборува за развојот на вештините и компетенциите на човечкиот капитал преку добри примери и практики, а како една од практиките ќе биде презентирана и EntreComp алатката за развој на претприемачки вештини.
Повеќе детали за Конференцијата може да најдете тука.
