Македонските победници на натпреварот Get in The Ring во лесна и средна категорија успешно се презентираa на полуфиналето во Софија. Македонското финале се одржа на 5-ти ноември 2015 година во организација на НЦРИПУ и Европската бизнис заедница.
Во полуфиналето во лесна категорија Игор Христов (Fueloil) победи во својата „битка“ против претставникот на Унгарија, и во својата категорија го освои второто место. Во средна категорија нашиот Александар Димески од старт-ап компанијата Energy Sqaured се пласираше на 4-тото место. На полуфиналниот натпревар учествуваа старт-ап компании од 6 земји од регионот.




