Oбука за иновации и претприемништво за наставници – 2016

In this article:

Почитувани,

Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење (НЦРИПУ) и Бизнис старт-ап Центарот при Машинскиот факултет, УКИМ, во втората половина на 2015 година како дел од „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“ на Министерството за образование и наука и Светска Банка, а во соработка со Бирото за развој на образованието, реализираше обуки за новите наставни програми по предметите „Иновации“ во IX одделение од основното образование, „Иновации и претприемништво“ за I, II и III година и „Бизнис и претприемништво“ за IV година во гимназиското и средно уметничкото образование.

За наставниците кои не ја поминаа обуката во 2015 година, а треба да го предаваат предметот во 2016/2017 година, се организира дополнителна обука на 03.09.2016 година (САБОТА) во просториите на Машинскиот факултет (нова зграда, дел за хомологација) III кат со почеток во 09:30 часот и ќе трае до 17:30.

Ве молиме да го пријавите вашето присуство најдоцна до 31.08.2016 (СРЕДА), до крајот на работниот ден со пополнување следниот формулар.

Секој учесник ќе добие сертификат за учество.

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Share this post

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Recent articles

Featured articles