Оглас за хонорарен работен ангажман на определено време на европскиот проект RISE

In this article:

Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) распишува оглас за хонорарна работна позиција во времетраење од 01.08.2017 до 27.12.2017.

Главната цел на проектот е поттикнување на социјалната инклузија на младите Роми преку обуки за социјално младинско претпримништво. Проектот се стреми да ги оспособи Ромите и младите кои не се во работен однос, образование или обуки активно да учествуваат во социјалниот живот и да се креира околина за понатамошен младински развој на социјалното претприемништво во Македонија.

Работната позиција е Проектен менаџер со договор на дело со скратено работно време (55% од работното време или 22 часа неделно). Активностите на проектниот менаџер се состојат од:

  • Координација на проектните активности, вклучувајќи и доделување одговорности на проектниот тим и обезбедување висок квалитет во имплементираните активности;
  • Координација помеѓу членовите на конзорциумот и другите чинители;
  • Надгледување и контрола на квалитетот, вклучувајќи и анализи на евалуациите и преземените мерки за ублажување на ризиците;
  • Надгледување на активноста на канцелариите за социјално претприемништво;
  • Подготовка на извештаи.

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома;
  • Најмалку 3 години работно искуство;
  • Искуство со работење на проекти;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на компјутерски софтвер (Microsoft Office, користење на интернет и сл.);
  • Комуникациски вештини;
  • Способност за работење во тим.

Повикот е отворен пет работни дена, заклучно со петок, 28.07.2017 до 16:00 часот. Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите кратки биографии на следната емаил адреса: info@ncdiel.mk. Селекцијата ќе се одвива преку недискриминирачки транспарентен процес на интервјуа. Само апликантите кој ќе бидат повикани на интервју ќе бидат исконтактирани.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp