Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) Скопје, објавува повик за поднесување на понуди за два експерти за проектот „Иновативен еко систем во прекуграничната област“ со референтен број EuropeAid/152956/DD/ACT/MK финансиран од Европската комисија, претставена од Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Детални информации за експертските позиции како и документацијата за испраќање на понуда може да ја преземете на следните линкови:
- ПР/ иновациски експерт
- Експерт за поддршка на образовните институции за инкорпорирање на иновации во нивните предмети
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат CV, финансиска понуда, изјава за ексклузивност и достапност како и краток опис на методологијата за работа, со назнака за позицијата за која аплицираат, на емаил адреса: innov8@ncdiel.mk или лично на адреса:
Бул. „8-ми Септември“ бр. 2-9
1000 Скопје, Македонија
најдоцна до 31ви јули, 16 часот по локално време.