Еразмус за млади претприемачи е програма за размена на претприемачи, финансирана од Европската унија. Оваа програма нуди можност на младите претприемачи да работат заедно со искусен претприемач во друга земја учесник и да ги зајакнат вештините што им се потребни за развој на бизнисот. Престојот во странство може да трае еден месец со можност за продолжување.
Во пракса, ова значи дека програмата се води од мрежа на локални контакт-точки, вклучувајќи стопански комори, инкубатори и други организации кои поддржуваат бизниси, претставени во различни земји-учеснички. Откако ќе ја пополните апликацијата преку Интернет и ќе бидете прифатени за програмата, контактната точка што ќе ја одберете во вашата земја ќе ви овозможи поддршка и помош за пронаоѓање на вашиот претприемач-домаќин. Исто така, ќе добиете практична помош за време на вашиот престој во странство.
Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење е контакт-точка за програмата за мобилност од нашата земја. Како дел од конзорциумот на проектот SEE SMART SMEs (коалиција од Југоисточна Европска коалиција за култивирање на малите и средни претпријатија во Европа) ќе го спроведеме системот за поддршка на апликантите.
Учеството во Еразмус за млади претприемачи е лесно:
1. Проверете ги критериумите за подобност и процесот на апликација на веб-страницата
2. Подгответе се – подгответе ги вашето CV, мотивациско писмо и бизнис план
3. Аплицирајте преку https://www.erasmus-entrepreneurs.eu/
4. Пронајдете соодветен претприемач-домаќин со помош на локалните контакт-точки и подгответе се за размена
5. Патувајте во странство и имајте корист од прекугранична размена на претприемачи
За повеќе информации, контактирајте не на: info@ncdiel.mk