Во рамките на проектот „Интелигентен пограничен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (иПГА)“, финансиран од Европската Унија, проектните партнери Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Фондација за Претприемачки сервис за млади и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), организираат мотивациски настани за иновативни стартапи, онлајн преку платформата ZOOM, на 17.12.2020 (четврток) со почеток во 10:30ч во Охрид. Во прилог погледнете ја агендата за настанот.
На настаните се поканети сите млади претприемачи, како и клучни чинители, за економскиот развој на регионот, кој работат во насока на поддршка и развој на претприемништвото во регионот на градот Охрид. Ќе имаат можност да се запознаат со планираните активности на проектот, како можат тие да земат учество и да ги споделат своите гледишта, предизвици и добри практики за поддршка на претприемништвото.
Општата цел на проектот е да се подигне свеста кај прекуграничните претприемачи, старт-ап заедницата и останати чинители во областа на претприемништвото и бизнисот, со цел да се изгради прекуграничен акцелератор, преку вмрежување и создавање синергии.
Целта е да се поддржат младите претприемачи со идеја за почетна компанија, да се поврзат претприемачите со академската заедница и индустријата, да им се помогне со стручни совети и изнаоѓање финансиски средства. Овие активности, во рамките на интелигентен прекуграничен акцелератор, можат да ја подобрат целокупната економска состојба во областа, користејќи го ИКТ потенцијалот и високо квалификуваната работна сила, обезбедувајќи поттик за вработувањето и намалување на одливот на мозоци, како трајно иновативно решение, формирајќи модел што ќе биде привлечен за сите вклучени страни и ќе се покаже одржлив долго по завршувањето на проектот.
Ве молиме за учество на настанот да се регистрирате овде.
Дополнително на емаил ќе добиете линк за пристап на ZOOM платформата.