Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) објавува оглас за Проектен асистент, за работа на проекти.
НЦРИПУ Скопје, има потреба од нов член во тимот кој ќе се придружи на организацијата и ќе помогне во административните, финансиските, комуникациските и организациските задачи при работењето.
Работни задачи и одговорност на работното место:
- Подготовка на нацрт-наративни и финансиски извештаи за национални и интернационалнни проекти;
- Одржување на извештаи за човечки ресурси и обезбедување на усогласеност со политиките, правилата и прописите на донаторите;
- Учество и презентација на проектни состаноци;
- Администрирање на процес на набавки;
- Подготовка на промотивни текстови и дигитални содржини за активностите на здружението;
- Координација со другите членови на НЦРИПУ и окмуникација со партнери во делот на подготовка на проектни апликации и нивна реализација.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование на некој од техничките факултети (VIA според МРК, со стекнати 240 ЕКТС), предност ќе имаат кандидатите со завршен Машински факултет;
- Минимум 4 години работно искуство во реализација на проекти од ЕУ-финасирани програми (Erasmus+, Horizon, Interreg и сл.) на иста или слична работна позиција;
- Одлично познавање на англиски јазик – говорен и пишан;
- Одлично познавање на работа со MS Office (Word, Excel, Power Point), интернет алатки Google Drive, Outlook и сл.;
Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:
- Вештини поврзани со проектниот менаџмент;
- Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;
- Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;
- Вештини за дигитална комуникација, управување со бази на податоци и чување на документи;
- Професионален и позитивен однос;
- Способност за работа во динамична работна средина и во кратки рокови.
Што нудиме:
- Динамична средина каде проактивноста е секојдневие;
- Професионален развој, учество на обуки, семинари и конференции;
- • Менторирање од страна на постоечкиот кадар на НЦРИПУ и експерти од странство во соодветната област;
- Голем број на предизвици и можности за професионално усовршување и надградување.
Дополнителни информации поврзани со работниот ангажман:
- Работното време на оваа позиција е 8 часа дневно, односно 40 часови неделно;
- Флексибилно работно време, со можност за работа од дома (online);
- Паричен нето износ на плата: 36.000,00 денари.
Испратете го Вашето CV и мотивациско писмо на info@ncdiel.mk со наслов Апликација за позиција Проектен асистент.
Краен рок за аплицирање: 30.12.2025 година, до 16:00 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.




