Почитувани,
Со задоволство ве информираме дека повикот за учество на интернационалниот натправер за стартапи Get In The Ring 2017 е отворен.
Натпреварот е организиран од страна на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, во соработка со Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука на РМ, Министерството за економија на РМ, Град Скопје, претставништвото на Холандската стопанска комора во Македонија и Бизнис старт-ап центарот при Машински факултет Скопје.
Главен покровител на настанот е невладината организација Македонија 2025.
Сите заинтересирани можат да аплицираат на следната страна: https://getinthering.gribb.io/event/get-in-the-ring-skopje
Рокот за аплицирање е до 24.10.2017 (вторник) до 16:00 часот
Информативен состанок (rules and procedures) со апликантите ќе се одржи на 26.10.2017 (четврток) на Машински факултет во 16:30 часот
Финалето ќе се одржи на 31.10.2017 (вторник) на Скопски саем.
За повеќе информации за натпреварот можете да прочитате на официјалната страна https://getinthering.co/