Градот Охрид беше градот на кластерите на Балканот во 2016 година и понуди можност да се зближат актери од оваа дејност за размена на знаења и искуства, да создадат нови партнерства воедно уживајќи во Македонската гостопримливост, вкусна храна, вино, историја, природа и музика.
Оваа година на конференцијата се собраа над 150 експерти за економски развој на кластерите, академици и кластерски експерти од 5 контитенти: Азија, Австралија, Северна Америка, Африка и Европа. 27 земји беа вклучени во изработката на академски и практични трудови: Нов Зеланд, Јужна Кореја, САД, Малави, Австралија, Франција, Италија, Холандија, Велика Британија, Тунис, Црна Гора, Данска, Германија, Австрија, Чешка, Полска , Словенија, Унгарија, Хрватска, Романија, Бугарија, БиХ, Албанија, Грција, Турција, Македонија и Србија.
Повеќе информации можете да најдете на следниот линк




















