In this article:

Почитувани,

 

Ни претставува огромно задоволство да ве поканиме на еднодневна интерактивна работилница за користење на иновативна методологија за развој на бизнис идеја дизајнирана со употреба на LEGO® Serious play.

Работилницата е дел од Еразмус+ проектот CRAYON, кој вклучува развој на методологија и тренинг програма за поттикнување на претприемачки вештини (crayonsproject.eu).

Сите учесници на работилницата ќе добијат сертификати за учество.

 

Оваа работилница ќе овозможи обликување на вашите идеи за бизнис или ќе помогне да се вклопите кон оние поединци и групи кои веќе имаат идеја. Ќе бидат тестирани потребните профили на луѓе во тимот, нивните основни вредности, стравови и потреби за стартување на бизнис. Работилницата е наменета за претприемачи, вработени и невработени со или без идеја за бизнис, комори и претставници на здруженија и асоцијации, претставници на образовната заедница, агенции за вработување, синдикати, бизнис инкубатори и акцелератори, како и сите оние кои се заинтересирани да учат со нова иновативна методологија.

 

За да учествувате и за да ви биде изработен сертификатот, ве молиме пријавете се на следниот линк

Обуката е бесплатна, но местата се ограничени и начинот на пријавување е од типот „first come, first serve“.

Настанот ќе се одржи во просториите на New Man’s Business Accelerator, адреса: Женевска 17б, 1000 Скопје, , во петок (25.11) со почеток во 8:45 часот.

agenda-krejon

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Share this post

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Recent articles

Featured articles