Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) Скопје, објавува повик за поднесување на понуди за Senior Innovation Expert за проектот „Иновативен еко систем во прекуграничната област“ со референтен број EuropeAid/152956/DD/ACT/MK финансиран од Европската комисија, претставена од Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат CV, финансиска понуда, изјава за ексклузивност и достапност како и краток опис на методологијата за работа. Погледнете ги документите за општи информации околу процесот на евалуација и избор на кандидат во прилог на следниот линк.
Сите заинтересирани кандидати треба да пратат понуда на емаил адреса: innov8@ncdiel.mk или лично на адреса:
Бул. „8-ми Септември“ бр. 2-9
1000 Скопје, Македонија
најдоцна до 17-ти април, 17 часот по локално време.