Повик за експерт за развој на методологија и спроведување на истражувањa за извозната диверзификација во машински и металопреработувачки сектор

In this article:

Здружение Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење Скопје во рамките на проектот: „Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни секторски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор“ објавува повик за експерт за развој на методологија и спроведување на истражувањa за извозната диверзификација во машински и металопреработувачки сектор. Проектот е финансиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, проект финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

Огласот и апликацискиот формулар можете да го најдете на следниот линк.

Краен рок за поднесување апликации е 12.03.2018 до 17 часот, лично или по пошта на адреса:

НЦРИПУ Скопје

Бул. „8-ми септември“ бр. 2-9,

1000 Скопје, Македонија,

или електронски на адреса:

info@ncdiel.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp