Иновативен Еко-Систем во областа на прекугранчната област (CBC- INNOV8)

In this article:
Поле Подобрување на конкурентноста, бизнисот, трговијата и инвестициите
Наслов на проектот Иновативен екосистем во областа на прекугранична соработка (CBC INNOV8)
Вид на договор/Категорија Договор за доделување на грант. Договорен орган: Делегација на Европската унија во Поранешна Југословенска Република Македонија.
ИПА Компонента/ (национална или регионална)

Програмска година

Прекугранична програма за поранешна Југословенска Република Македонија – Република Албанија според инструментот за претпристапна помош (ИПА II), алокации за 2014-2020
Водечки апликант и ко-апликанти · EuroPartners Development – Водечки апликант

· National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI) – ко-апликанти

· Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) – ко-апликанти

· Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) – ко-апликанти

Контекст Албанија и Македонија се соседни земји, но нивото на трговија меѓу нив е најниско. Прекуграничните старт-апи и МСП, покрај недоволно развиената инфраструктура, се карактеризираат со високо ниво на имиграција, а постојните бизниси се со ниско ниво на технолошкиот развој и конкурентност, додека образовните институции обезбедуваат формално знаење вклучително и наставни програми кои го поддржуваат самовработувањето. Од друга страна, водечките иновациски програми се отсутни, оставајќи многу млади луѓе без опција освен да работат за некој друг надвор од земјата. Исто така, бизнисот често го припишува недостатокот на квалитет на човечки ресурси во несоодветните или старомодните наставни програми во образовните институции. Покрај горе споменатата инфраструктура која ја ограничува комуникацијата во прекуграничната област, постои потреба да се зголеми врската помеѓу образованието и деловните субјекти кои ќе бидат овозможени преку овој проект. Бизнисот ќе има предности од користењето на услугите на иновацискиот хаб преку соработка со иновативни старт-апи финансирани преку хабот или преку пристап до информации кои ќе донесат поголем пораст во целната област. Високообразовните институции ќе служат како клучен двигател за технолошкиот развој на претпријатијата во секоја земја, а имаат малку знаење за сите поединечни сектори. “Претприемачки универзитети” може да обезбедат флексибилни наставни програми фокусирани главно на искористување на технологијата.
Апстракт (кратко резиме на проектот) Овој проект се состои од воспоставување на иновациска инфраструктура  за трансфер на know how технологии помеѓу старт-апи и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија. Главната цел на предложената акција е да помогне во воспоставувањето, во рамките на постојниот образовен и бизнис контекст, прекуграничен иновативен екосистем за МСП и старт-апи, преку:

1. Зајакнување на капацитетите на клучните засегнати страни во унапредувањето на конкурентноста и знаење во областите на прекугранична соработка.

2. Подобрување на меѓу секторската соработка помеѓу МСП и Старт-апи, фокусирајќи се на комплементарност и искористување на сегашните и идните деловни можности за заеднички вложувања и нудејќи повеќегодишна услуга.

3. Актуелизирање на воспоставениот иновациски екосистем од национален до прекуграничен.

Овој проект ќе трае 28 месеци од 01/01/2018 – 30/04/2020 и ќе бидат имплементиран од соодветните организации како што е подолу:

Целни групи на проектот вклучуваат: универзитети, истражувачки центри, образовни институции на прво ниво; Старт-апи во областите на прекугранична соработка како второ ниво на целни групи; и регионалните власти, општините во областа каде што ќе се имплементира овој проект, стопанските комори и претставниците на локалниот бизнис. Последната група се смета за трето ниво на целни групи.

Овој проект е финансиран од Европската комисија, застапувана од Делегацијата на Европската унија во поранешната југословенска Република Македонија.

Главни корисници Крајни корисници се: Локалните жители во целниот регион Охрид, Македонија и Корча, Албанија. Друга поширока група на крајни корисници вклучува целокупното население во двете земји поради економското влијание од поконкурентните старт-апи и мали и средни претпријатија.
Место: Охрид, БЈРМ и Корча, Албанија
Цели: Допринес со цел да се зголеми конкурентноста и трговијата во областа на прекуграничната соработка, преку олеснување на трансферот на know-how технологиите помеѓу стартапките и МСП.
Активности Активност 1: Истражување на потенцијалот за иновации и примена на национални иновативни стратегии

 

Активност 2: Воспоставување на прекугранична и меѓусекторска платформа за иновации

 

Активност 3: Стартување на пилот-хабови во рамките на универзитетите

 

Активност 4: Градење на капацитети на засегнати страни за иновации во областа на прекугранична соработка

 

Активност 5: Под-доделување грантови за прекугранична соработка на здружени МСП

 

Активност 6: Промоција на новиот екосистем за иновации за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија

Влијание / излез / резултат Планирани резултати 1: Идентификувани иновациски недостатоци поврзани со знаење и можности за пренос на know-how, технологии и иновации за страт-апи и мали и средни претпријатија во областа на прекугранична соработка.

Планирани излези 2: Развиена платформа за иновации на прекугранични сектори за трансфер на know-how и технологии помеѓу страт-апи и мали и средни претпријатија.

Планирани излези 3: Подобрен капацитет на заинтересираните страни за иновации во областа на прекугранична соработка за организирање на ефективен иновациски екосистем со два прекугранични хабови.

Планирани резултати 4: Зголемена конкурентност на страт-апи и МСП во областа на прекугранична соработка.

Планирани резултати 5: Зголемена конкурентност на старт-апите и МСП во прекуграничната област.

Факти и бројки Клучните факти и бројки релевантни за проектот:

• Времетраење на проектот: 28 месеци

• Датум на почеток на проектот: 01.01.2018

• Краен датум на проектот 30.04.2021

Фигури

• Цена на акцијата: 389028.69 €

• придонес на ЕУ: 330674,39 €

• Процент на придонес во ЕУ: 85%

Контакт

web

Str: Ismail Qemali, Pall 18, Ap 25, Tirane

+35542234482 / 0682029122

e-mail: epd1@europartners.al

www.innov8cbc.com

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp