„НАЈДОБАР БИЗНИС КОНЦЕПТ 2018“

In this article:

НАТПРЕВАР ЗА

ГИМНАЗИИТЕ И СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

„НАЈДОБАР БИЗНИС КОНЦЕПТ 2018“

„Како идејата да ја претворам во старт-ап компанија и како до инвестиции за мојот старт-ап“

Почитувани,

Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) во соработка со Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Бирото за развој на образованието, Град Скопје, и главниот покровител на настанот фондацијата Македонија 2025, го организираат Натпрeварот за гимназиите и средните училишта во Република Македонија „Најдобар бизнис концепт 2018Како идејата да ја претворам во старт-ап компанија и како до инвестиции за мојот старт-ап“.

Оваа година натпреварот ќе се реализира по делумно променет модел. За да видите како ќе се одвива натпреварот дојдете на Машински факултет на 28.09.2018 година (ПЕТОК) со почеток во 11:00 часот во големиот амфитеатар.

На натпреварот ќе бидат обезбедени награди за победниците, како и сертификати за тимовите и менторите кои ќе се пласираат во полуфиналето на натпреварот (16-те најдобри тимови кои ќе ги избере стручното жири).

Од секое училиште можат да се пријават максимум до 2 тима од ученици кои се во завршните години (III и IV година), додека секој тим може да се состои од максимум 4 ученици (+ментор/и). Пријавувањето на тимовите со својот бизнис концепт ќе се одвива на следниот линк. Во прилог е АГЕНДАТА за настанот.

Најдобрите 16 тимови ќе бидат поканети на полуфиналниот натпревар кој ќе се одржи на 03.11.2018 година на Машинскиот факултет, УКИМ во 11:00 часот.

Системот на натпреварување подразбира презентирање на бизнис концептот преку неколку „битки/соочувања“по специфични теми. За секоја тема тимот има на располагање максимум 1 минута за да ја рализира својата презентација.

  1. „За тимот и неговите досегашни достигнувања
  • Да се презентира тимот, да се објаснат нивните вештини и искуства
  • Зошто вашиот тим е подобар од другите, и зошто баш вашиот тим би ја преточил бизнис идејата во успешна компанија
  • Што е постигнато до сега од страна на членовите на тимот. Може да опфати: индивидуални искуства на учениците, учество на други натпревари, учество во проектни задачи или други практични активности.
  • Ако учениците имаат освоено некои награди, ова е право време да се споменат

 

  1. „Бизнис концепт/модел и главни производи/услуги на компанијата
  • Објаснете го вашиот бизнис, бизнис моделот/концептот кој го користите (препорачливо е да се следи моделот на businessmodelcanvas)
  • Објаснете го вашиот главен производ и/или услуга.
  • Каде „се прават“ парите во компанијата?

 

  1. Околина на компанијата? Пазар, клиенти, конкуренти, снабдувачи…
  • Kојe пазарот на кој настапувате? Кои се конкурентите?
  • На кој начин вие сте подобри од конкурентските компании?
  • Кои се ваши главни снабдувачи?
  • Вашата маркетинг стратегија?

 

  1. „Финансии и колку инвестиции се потребни
  • Колку финансии се потребни за да започне бизнисот?
  • Финансиска ситуација во која се наоѓа стартап-от
  • Освен финансиски средства, што друго ви е потребно?
  • Колкав дел од сопственоста на компанијата нудите за бараната инвестиција?
  • Како ќе бидат потрошени парите од инвеститорите?
  • Проекција каде ја замислувате вашата компанија после 3 или 5 години?

 

  1. „Убеди ме . . .
  • Натпреварувачите зборуваат на било која тема која е од интерес да се убеди жирито/инвеститорите
  • Може да се дадат дополнителни информации кои тимовите немаа можност претходно да ги споменат
  • Или нешто што е најважно уште еднаш да се потенцира!
  • Треба да се убеди инвеститорот (жирито) дека вашиот бизнис е најдобриот

 

По завршувањето на секоја од битките, жирито има неколку минути за поставување на прашања на секој од тимовите, по што ќе го одбере победникот на битката. Победниците од секоја од битките (вкупно 8 тимови) ќе се пласираат на финалниот натпревар кој ќе се одржи на 07.11.2018 година.

Важни датуми:

20.09.2018 г  –  27.09.2018 г – пријавување на по максимум два тима од училиште на емаил адреса info@ncdiel.mk [Име на училиште, листа на натпреварувачи (максимум 4) и ментор(и)]

28.09.2018 г –  Oбука на која ќе се работи на подобрување на вештини кај учениците од пријавените тимови. Исто така, тимовите ќе бидат информирани како да ја пополнат кратката онлајн апликација за натпреварот „Најдобар бизнис концепт 2018“ и како најдобро да ја претстават својата бизнис идеја (почеток во 11:00 часот на Машински факултет).

18.10.2017 г – краен датум (до полноќ) за доставување на бизнис концептите во темплејт формулари на следниот линк.

27.10.2017 г – објава на резултатите од жири комисијата, полуфиналисти на натпреварот

01.11.2018 г 03.11.2018 г – Полуфинален натпревар (почеток во 11:00 часот на Машински факултет – најдобрите 16 тимови)

07.11.2018 гФинален натпревар (8 најдобри тимови) – Хотел Marriott– на отварањето на Економскиот форум 2018 на Македонија 2025 (10:00 – 12:00)

За дополнителни информации, ве молам контактирајте не на нашата е-маил адреса (info@ncdiel.mk), или на тел. броеви: 077 576 058 (Настасија) и 077 568 821 (Тамара).

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Share this post

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp

Recent articles

Featured articles