Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) Скопје, објавува повик за поднесување на понуда за експерт за проектот „Интелигентен пограничен акцелератор за иновативни ИКТ стартапи (иПГА)“, дел од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија – Грција, финансиран од Европската комисија.
Детални информации за експертската позиција како и документацијата за испраќање на понуда може да преземете на следниот линк.
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат решение за регистрација (доколку е применливо), CV и краток опис на методологијата за работа, со назнака за повикот на кој аплицираат, на емаил адреса: icba@ncdiel.mk или лично на адреса:
Бул. „8-ми Септември“ бр. 2-9
1000 Скопје, Македонија
најдоцна до 4ти септември, 16 часот по локално време.