Проектот INTERVET WB, кој е одобрен во 2019, ќе им овозможи на 360 ученици од сите стручни училишта од 6-те земји од Западен Балкан (Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Северна Македонија и Босна) да искусат 1-месечена пракса во странство. Во овој прв повик ќе одбереме 11 ученици од сите стручни училишта во Република Северна Македонија кои заминуваат во Јуни 2021 година за следната дестинација: Франција.
Овој повик е отворен за следните квалификации:
- Градежништво и геодезија (Architecture and geodesy)
- Шумарство и обработка на дрво (Foresty and wood processing)
- Mашинство (Mechanical enginering)
- Текстил, кожа и слични производи (Textile and leather processing)
- Лични услуги (Personal services)
- Угостителство и туризам (Travel, tourism, hotel and catering services)
Дали сакате да ја поднесете вашата апликација?
Прво, не заборавајте да го прочитате целиот текст на повикот. Можете да го преземете овде.
Првиот чекор за учество во 1-от Повикот за апликации е да се регистрира училиштето на веб-страницата преку овој формулар (прашајте во вашето училиште). Најдете го списокот на училишта што веќе се регистрирани тука.
Исто така ќе ви требаат:
– адреса на Gmail (не знаете како да направите? Кликнете овде)
– скениран валиден документ за лична идентификација (ВИЗА, пасош или дозвола за престој: во зависност од земјата)
– ажурирано CV на англиски јазик (не знаете како да го напишете? Преземете го нашиот водич).
– видео до 1 минута каде ќе ни кажете: „зошто сакате да учествувате и кои задачи сакате да ги извршувате во вашата компанија домаќин во странство“
Спремни да одите? Кликнете овде за да го пополните формуларот за апликација.
Запомнете дека вашиот код на повик е: INTERVET STUDENTS_North Macedonia 1/2020
Крајниот рок за поднесување апликации е 10/12/2020