
Во рамки на проектот Macedonian EURAXESS Startup Hub pre-acceleration, дел од програмата ERA TALENT – Multiplying the Impact of EURAXESS Hubs Application на мрежата EURAXESS, предвиден е натпревар на тема:
„ОД НАУКА ДО СТАРТ-АП КОМПАНИЈА:
Како научниците ја создаваат иднината на БИОИНФОРМАТИКАТА“.
Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ) е дел од проектниот конзорциум и е одговорна институција за организација на натпреварот во нашата земја. Покрај МАНУ, коорганизатор на натпреварот е и НЦРИПУ (Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење).
Се повикуваат на натпреварот да се пријават сите студенти, постдипломци или докторанди кои имаат реализирани истражувачки активности поврзани со биоинформатиката во рамки на своите семинарски, дипломски, магистерски или докторски истражувања и каде има можност за трансформација на истражувањето во производ или услуга со пазарен потенцијал.
Крајна цел на натпреварот е да се поддржат истражувачите да развијат свои старт-ап компании.
Сите области кои имаат некаква поврзаност со биоинформатиката се добредојдени да се пријават на натпреварот (природни, медицински, технички и други науки).
Натпреварот се одвива на англиски јазик.
Резултатите од истражувањето може да бидат презентирани од тимови од максимум 5 лица. Тимовите може да бидат и од мултидисциплинарен карактер, т.е. може да се составени од истражувачи од различни научни области и нивоа на образование.
Рок за пријавување на резултатите од истражување во форма на бизнис идеја, односно бизнис концепт е до 13.06.2025 година, до 17:00 часот. Формуларот за пријавување е достапен на следниот ЛИНК.
Најдобрите 10 тимови ќе бидат повикани на усна презентација (pitching) на својот концепт за трансформација на резултатите од истражувањето во старт-ап компанија. Финалниот дел од натпреварот ќе се одвива во МАНУ на 18.6.2025 година, во 11:00 часот.
Најдобрите 3 тима ќе добијат награди во вредност од:
1 место: 2,500 ЕВРА
2 место: 1,000 ЕВРА
3 место: 500 ЕВРА
За подетални информации може да се обратите до д-р Јана Проданова, jprodanova@manu.edu.mk и д-р Радмил Поленаковиќ, radmil.polenakovik@mf.edu.mk.




