Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) објавува покана за поднесување на понуди со предмет на набавка „Консултантски услуги за развој, хостирање и одржување на веб страница за проектот СПИР“, референтен број EuropeAid/136315/ID/ACT/MK-12-8412/1-2. Проектот е финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за развој на човечки ресурси EuropeAid/136315/ID/ACT/MK.
Техничката документација е достапна на следниот линк.
Понудите треба да се достават во канцеларијата на НЦРИПУ, на адреса Даме Груев 1/2-17, Скопје Центар, или на емаил адреса: ivana.stankovska@ncdiel.mk.
Крајниот рок за поднесување на понудите е 24 март 2017 година до 16:00 часот по локално време.