Развој на компетенции за социјално претприемништво низ игра во Општина Штип

In this article:

Displaying EU_flag.jpg    Displaying Logo EU ZA TEBE-MKD.jpg

Проектот „Развој на компетенции за социјално претприемништво низ игра во Општина Штип“ е финансиран од Европската Унија преку програмaта ИПА 2- Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014 и е со времетраење од 6 месеци со почеток од 15.03.2017 до 15.09.2017

Спроведувачи на проектот се Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење и Здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип, како крајни корисници на проектот се: младите Роми, бизнис секторот, невладини организации и др.

Според пописот од 2002 година, 2,66% од жителите во Република Македонија се декларираат како Роми. Како и во многу земји во регионот, така и во нашата земја реалната застапеност на Ромите е многу поголема, а според најновите неофицијални извори се проценува на 6,77%. Процентот на невработеност кај ромската етничка заедница е дупло поголем од националниот просек и се движи помеѓу 70 и 80%. Според ромските невлдини организации, вистинската состојба е повеќе од 90%.

Европската Унија во развојните програми кои ги изготвува, предвидува соодветни мерки за интеграција на ромското население преку учество во разни социјални, едукативни и економски програми на национално и регионално ниво. Стратегијата за Ромите во Република Македонија е во согласност со препораките на ЕУ и се заснова на владината стратегија да ја намали сиромаштијата кај ромската популација, затоа што оваа група е една од најранливите етнички заедници во Македонија. И во европските и во националните стратегиски документи се наведува дека пристапот до пазарот на трудот и самовработувањето се витални за интеграцијата на Ромите.

Главната цел на проектот е да се зајакнат способностите за вмрежување и организациските вештини на граѓанските организации, да се подобри соработката со локалната самоуправа и да се поттикне социјална инклузија на младите Роми преку интеграција со млади Македонци и иновативна едукација низ игра за социјално претприемништво.

Специфични цели на проектот се :

  • Да се спроведе работилница за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, развој на вештини за вмрежување и организациски вештини;
  • Да се промовира социјалното претприемништво кај малдите од Општина Штип, особено кај припадниците од ромската етничка заедница;
  • Да се разработи и прилагоди методата за едукација за претприемачки вештини и едукација за социјално претприемништво со помош на лего коцки;
  • Да се спроведе едукација за социјално претприемништво која таргетира 30 претставници од ромската заедница и 30 Македонци од Општина Штип;
  • Да се организира настан за вмрежување на младите претприемачи од сите етнички заедници, граѓанскиите организации, локалната самоуправа и останатите институции за поддршка на претприемништво.

Со реализација на предложените цели ќе се зајакнат организациските вештини и капацитетите за вмрежување на граѓанските организации и нивната соработка со останатите институции, ќе се подигне нивото на компетенции, знаење и искуство од областа на претприемништвото и социјалното претприемништво и ќе се зголеми интеграцијата на Ромите и останатите маргинализирани заедници во општествените сектори на територијата на Општина Штип. Со развивањето на компетенциите за социјално претприемништво, младите Роми ќе бидат подготвени за основање сопствен бизнис, како и поголемо учество на пазарот на трудот.

Ќе се постигнат следните специфични резултати:

  • Подобрени организациски вештини и капацитети за вмрежување на граѓанските организации;
  • Подобрена соработка на граѓанските организации со локалната самоуправа и со останатите институции за развој и поддршка на бизнисот;
  • Подобрено разбирање на социјалниот пристап и на социјалното претприемништво;
  • Подигната свест за улогата на социјалното претприемништво во општеството;
  • Подобрени лични вештини релевантни за социјалното претприемништво: иновативно и креативно размислување, комуникациски и презентациски вештини, развој на бизнис модел со помош на методологија КРЕОН базирана на лего коцки и бизнис модел канвас;
  • Иновативно решавање на проблемите преку социјалното претприемништво;
  • Поголема интеграција на Ромите и младите од другите маргинализирани групи од Општина Штип во социјалниот живот и др.
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp