„ЛИДЕР“ Проект – Македонија 2025

In this article:

Македонија 2025 го отвара повикот за апликации за 10тото издание на проектот „ЛИДЕР“ во Македонија.

Ајви бизнис школата од Канада го организира ЛИДЕР проектот од 1991 година. Оваа програма е во стилот на MBA и е десет-дневна работилница која им помага на претприемачите да развијат локални бизнис решенија кои создаваат можности за нивните заедници.

Оваа година Македонија 2025 ќе додели 40 стипендии за најдобрите кандидати. Стипендијата опфаќа предавања, материјал и освежителни пијалоци.

Кој треба да аплицира: Ако сте претприемач, менаџер, сопственик на компанија или млад професионлец кој делува локално, а размислува глобално и имате желба да ја реализирате вашата бизнис идеја, проектот ЛИДЕР е за вас !

Што ќе придобиете: Начин на размислување, аналитички алатки, вештини за донесување на одлуки кои се основни за секој претприемач и менаџер со цел да се справи со предизвиците и да напредува.

Кога и каде ќе се одржува:  ЛИДЕР проектот ќе се одвива од 8ми мај до 19ти мај, секој работен ден од 12-16 часот во Дипломатик салата на Скопски саем.

Кликнете тука за да ги видите профилите на инструкторите.

Кликнете тука за да гледате видеа од некои од поранешните учесници на проектот.

За да се аплицира потребно е да се пратат следните документи на: elena@macedonia2025.com

  • PDF апликација која треба да се пополни.
  • Биографија до 200 зборови (пример на следниот линк)
  • Слика во боја

Рокот за аплицирање е 31ви Март !

За да се добие официјален сертификат од проектот, потребно е да се присуствува на минимум 8 од предавањата (тренинзите)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp