Почитувани,
Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Центарот за развој на иновации и претприемачко учење на 15.05.2017 година (Понеделник) со почеток во 11:00 часот во амфитеатарот на МАНУ ја организираат Трибината „Претприемачкото образование во Република Македонија – проблеми и предизвици“.
Ни претставува особена чест, да ве поканиме да присуствувате на Трибината.
———————————————————————————————————
А Г Е Н Д А (10:30 – 13:30)
10-30 – 11:00 Регистрација
Поздравни обраќања
- Академик Владо Камбовски, раководител на
Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ - Министерство за образование и наука на Република Македонија (TBC)
Предизвиците на претприемачкото образование
во Република Македонија
- Академик Таки Фити, претседател на МАНУ
- Проф. д-р Изет Зеќири, дописен член на МАНУ
- Проф. д-р Синиша Зариќ, Економски факултет, Универзитет во Белград, Србија и потпретседател на форумот Stvaratelji za Stoljeća
- Проф. д-р Радмил Поленаковиќ, Машински факултет, УКИМ и НЦРИПУ
- Erasmus + проекти:
- Eco-system up – презентација на содржини за претприемачко учење – проф. д-р Радмил Поленаковиќ
- Creyon’s – користење на LEGO коцки во претприемачкото образование (проф. д-р Мишко Џидров, УГД)
- Претставник на Фондот за иновации и технолошки развој
- Претставник на Македонија 2025 – Најава на натпревар Get in the Ring 2025
- Доц. д-р Драган Шутевски, Еуро колеџ – инфо за подготовка на зборник со case-study
- Претставници на бизнис секторот
- Дискусија
Коктел
Теми за дискусија:
– Потреба од претприемачко образование;
– Претприемачко образование – како е во ЕУ, а како е во Македонија?;
– Најнови трендови во претприемачкото учење – претприемачките компетенции на ЕУ (Entre Comp);
– Потреба од соодветни материјали за претприемачко образование.
За време на Трибината ќе бидат презентирани и повеќе ресурси кои може да помогнат во подобро реализирање на наставата по предметните програми.
Ги замолуваме заинтересираните за учество на Трибината да се регистрираат на: http://ecosystemapp.net/e-learning/login/signup.php
Учесниците кои ќе бидат регистрирани ќе добијат сертификат за присуство на трибината.
Лице за контакт: Борис Џартов 078317907